Возеле дрво пијани: Уапсени повеќе возачи
Денеска (28.06.2025) во 00.13 часот на ул.„100“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К.(80) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,72 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Исто така денеска во Куманово, но на бул.
„Октомвриска револуција“ во 00.43 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Р.(43) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…
Четири борби, четири победи и ниту една…
Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…
Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…