Владата очекува Коцевски да даде оставка

t

Откако вчера во Собранието му беше изгласана интерпелација на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесена од Левица, а поддржана и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Владата очекува јавниот обвинител да „постапи морално и да поднесе оставка“. Но, од Владата не одговараат на прашањето дали ќе ја продолжат постапката за негово разрешување откако ја запреа по трагедијата во Кочани.

– Јасна беше волјата на пратениците и пораката која вчера ја испрати Собранието. Тоа е силен институционален сигнал кој не може и не смее да биде игнориран. Очекуваме државниот јавен обвинител да постапи морално и да поднесе оставка. Тоа би било одговорен и достоинствен чин, во интерес на правдата и довербата на граѓаните – велат од Владата за „Слободен печат“.

Не одговарајќи на нашето прашање дали сега владата ќе го поднесе предлогот за негово разрешување во Собрание, од владата велат дека вчерашниот исход на интерпелацијата на Коцевски ја потврдило неоснованоста на тезите на опозициските партии за наводна спрега меѓу Владата и Обвинителството.

– Тие тези денес паднаа во вода. Оваа Влада не калкулира со правдата. Дополнително, реториката на ДУИ, базирана на поделби и страв, уште еднаш се покажа како празна и насочена исклучиво кон задржување на моќта. Наместо да ја злоупотребуваат етничката чувствителност за лични политички цели, најмалку што треба да направат е да се извинат на Албанците за лагите со кои со месеци ги кажуваа. Време е да почнеме да градиме политика на одговорност, а не на манипулација – велат од Владата.ѓ

Вчера Собранието со 71 глас „за“ и ниту еден против му изгласаа интерпелација на Коцевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата очекува Коцевски да даде оставка

Откако вчера во Собранието му беше изгласана…

И до 500% царини за казна доколку…

Aмериканскиот министер за финансии Скот Бесент ја…

Се скарав со Епстајн зашто ми крадеше…

Доналд Трамп кажа дека се скарал со…

Нечовечноста на Владата го остави за министер…

Односот на Владата на Мицкоски кон трагедијата…

Поранешниот директор на СДСМ „тресен“ на граница

Фатон Асани, поранешниот функционер на СДСМ и…