Поранешниот директор на СДСМ „тресен“ на граница
Фатон Асани, поранешниот функционер на СДСМ и директор на Агенцијата за управување со одземен имот од 2017 до 2023, објави дека целосно му бил претресен автомобилот на македонската граница.
Поранешниот функционер, кој претежно живее во Италија, прикажа фотографија и на социјалните мрежи се пожали од дрскиот однос на, како што рече, шефот на смената.
„Да не бидам лошо разбран !! Не е проблем проверка колку што ми е проблем НЕКУЛТУРАТА!!!
Во нашево парче земја прво и основно фали КУЛТУРА и соодветен однос на службениците , кажував во 2017 кажувам и сега КУЛТУРА НУЛААА !!!
Секоја проверка треба да почне со добредојдовте во Р.Македонија а треба да заврши со УБАВ ПОМИН ВО Р.Македонија
“Јас сум шефот на смена,жали се кај сакаш” Крајно непрофесионален однос на цариник 01681!! Добре ве најдов ПАТРИОТИ“, напиша Асани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…