Владата со одлука забрани акции и промоции на прехранбени и земјоделски производи во маркетите

Владата на денешната 185 седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба.
Владата на денешната 185 седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет.
Оваа одлука е донесена согласно членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, за нарушување на домашниот пазар. Одлуката е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.
Со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година, соопштуваат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трговците на големо и мало бараат средба…
Стопанската комора на трговци на големо и…
(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…
Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…
Во петок во хрватските продавници ќе пристигнат…
Во петок стапува на сила одлуката на…
ГРОМ е изненадена од леснотијата со која…
Граѓанската опција за Македонија ГРОМ е изненадена…
Во Словенија граѓаните се организираат за еднонеделен…
Во Словенија во тек е бојкот на…