Владата ја замрзна цената на пелетите!

Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот министер Крешник Бектеши.
-Одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја замрзнавме е 27.000 илјади денари по тон, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.
Во замрзнатата цена, како што рече, се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците.
-Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што сметам дека е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци, прецизира Бектеши.
Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се ограничат маржите на 10 отсто…
Владата го задолжи Министерството за економија да…
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала…
Во декември годишен раст од 12,4 отсто…
Вкупните депозити на годишно ниво во декември…
Од полноќ повисоки цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со…
Курсна листа: Колку чини еврото денес?
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…