Владата ќе расправа за носењето маски за децата во основно
На денешната редовна седница на македонската владата треба да биде донесена одлука во врска со препораката на Комисијата за заразни болести учениците во основно образование да не носат маски. „Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака, изјави во минатата недела министерот за образование Јетон Шаќири. Комисијата за заштита од заразни болести минатата недела препорача учениците во основните училишта да се ослободат од обврската за носење маски. Сепак обврската за носењето маски останува за наставниците и другите вработени, а децата по свој избор и понатаму ќе може да продолжат да носат маска.
Обврската за носење маски во училиштата беше донесена откако лани повторно беа отворени училиштата во пандемија, а имаше за цел да го спречи ширењето на новиот коронавирус. Кризниот штаб донесе заклучок да ја достави до Владата и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар.
Освен овие мерки, Кризниот штаб ѝ предложи на Владата да ја измени одлуката за максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор – од досегашните 50% да се зголеми на 75% со задолжително носење заштитни маски и почитување на останатите протоколи за заштита од ковид-19, а прифатен е и заклучокот на Комисијата за заразни болести Владата да го укине делот од протоколот за угостителските објекти со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, додека за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност од ковид-19. Од Комисијата велат дека во моментов земјава се наоѓа во зелена зона, но доколку дојде до повторно влошување на епидемиолошката состојба, може да се вратат на сила старите мерки и препораки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…