Влада: Попуст при купување стан, нула комуналии за изградба на куќа

t

Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом…Во најава мерки со кои младите брачни парови до 35 години ќе можат да купуваат станови по цени пониски за 20 проценти од пазарните…Од владата велат дека според новиот предлог, кој наскоро ќе да се најде пред пратениците, градежните компании нема да добијат дозвола за градба ако не издвојат одреден дел од вкупната станбена површина за брачни двојки..Просторот ќе мора да се продава и по повластена цена .. Покрај ова, се предвидува и ослободување од комунални такси за младите парови кои сакаат да градат сопствена куќа…

Христијан Мицкоски – претседател на Влада: „Секоја градежна компанија која во иднина ќе гради објекти за домување мора однапред да определи најмалку 10 % од станбената површина за домување која што потоа ќе биде понудена на млади брачни парови до 35 годишна возраст по цена која што ќе биде минимум 20% пониска од цената која шт осе нуди зљ таа катастарска општина која што била актуелна во претходсната година..“

Од партијата ДОМ пак велат дека наместо да ги субвенционира становите, државата треба да се погрижи илјадници домови да не стојат празни додека младите немаат каде да живеат

ДОМ: „Дури и со најавениот попуст од 20 проценти, стан од 3.000 евра за квадрат би чинел 2.400 евра за квадратен метар. За огромен дел од младите семејства тоа и понатаму е недостижно. Истото важи и за ослободувањето од комуналии за изградба на куќа. Без достапно градежно земјиште, инфраструктура и значителни сопствени средства, оваа мерка е недостижна за мнозинството млади брачни парови. “

Според државниот завод за статистика, секој трет стан во земјава е празен…Последниот попис на населението покажува дека во македонија има 839.174 станови..Од нив, 63.4 % се населени додека во 36.6 % нема пријавено живеење…Податоците на Народната Банка пак покажуваат дека годишната стапка на промена на индексот на цените на становите во Скопје во третиот квартал од годинава година изнесува +10,3%, односно огласените цени на становите во главниот град биле за 10,3% повисоки во споредба со третиот квартал од 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Попуст при купување стан, нула комуналии…

Поевтини станови и полесен пат до сопствен…

Муцунски: Герапетритис јавно кажа дека имаме сериозен…

Ме радува тоа што министерот Герапетритис јавно…

Исчезнаа две малолетни сестри од Штип, полицијата…

Полицијата трага по две малолетни сестри од…

Гранични полицајци земаа мито – заработија и…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Johnson Matthey оствари силен шестмесечен раст и…

Групацијата Johnson Matthey објави одлични резултати за…