Владимир Блажев ПАНЧО е во стабилна состојба и во моментот не е во животна опасност
Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во стабилна состојба и во моментот не е во животна опасност, соопшти стручниот лекарски конзилиум во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што се лекува.
„Пациентот Владимир Блажев-Панчо од приемот до денес се наоѓа во единицата за интензивно лекување. На овој оддел се применува највисоко ниво на медицинска грижа. По спроведување на интензивното лекување, она што можеме да кажеме е дека пациентот е стабилен и дека во моментот е надвор од животозагрозувачка состојба. Неговото лекување продолжува во единицата за интензивна нега, во третманот е вклучен мултидисциплинарен тим лекари со цел да овозможат најдобра медицинска грижа“, велат од „Аџибадем Систина“ и нагласуваат дека информацијата за здравстената состојба на Панчо е дадена од страна на лекарскиот тим, кој е одговорен за неговиот третман и е единствена официјална информација потврдена од болницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО не се откажува од гонење на…
Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…
Иницијатива за подигнување на споменик во чест…
Иницијатива за подигнување на споменик во чест…
За Панчо во моментов нема да се…
Државниот јавен обвинител вечерва во интервју на…
Здравствената состојба на Панчо се подобрува по…
Здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на…
ШТО ПОБРЗО ДА ВИ СЕ ВРАТИ НАСМЕВКАТА…
Ана Костадиновска, која го придружуваше дуото ДНК…