Иницијатива за подигнување на споменик во чест на загинатиот член на ДНК, Георги Георгиев и сите 62 загинати во пожарот во Пулс!

t

Иницијатива за подигнување на споменик во чест за на загинатиот член на бендот ДНК, Георги Георгиев и сите 62 загинати во пожарот во Пулс во Кочани се споделува на цосијалните мрежи, а самата иницијатива ја сподели и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

– Џоко Ѓоргиев имаше само 24 години – млад музичар со големо срце и талент што ги допираше сите околу него.

На една обична вечер , на еден обичен настап , трагично ја изгуби битката со огнот свирејќи , давајќи љубов преку тапаните токму како што секогаш знаеше. Огнот можеби го зеде неговото тело, но не и споменот, музиката и љубовта што ни ги остави. Како феникс, тој остана да лета меѓу нас во нашите сеќавања, во секој тон што ќе не потсети на него, во секоја искрена емоција што ја остави зад себе . 

Ние сакаме таа искра да живее засекогаш. 

Затоа започнуваме иницијстива за подигнување на споменик во чест на Џоко Ѓоргиев – во неговата родна Струмица , и во чест на сите 62 згаснати звезди. 


Споменик не на загубата , туку на вечниот препород. 

Да не дозволиме неговото име да се заборави . Да се обединеме како негови пријатели , како негови сограѓани , како поединци што веруваат во музиката и човечноста . 

ТОЈ СВИРЕШЕ ДО САМИОТ КРАЈ.
ДА НАПРАВИМЕ НЕГОВИОТ УДАР НА ТАПАНОТ НИКОГАШ ДА НЕ ЗГАСНЕ
‼️ – стои во иницијативата.

Линк од иницијативата во продолжение:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/vo-cest-na-dzoko-gjorgiev-i-62-zaginati-vo-pozarot-vo-kocani-spomenik-na-muzikata-koja-nikogas-nema-da-zgasne?fbclid=IwY2xjawK1KZtleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFiU05TRnVNRDFMd3BmS3dFAR6lBwtVCi1MT8CDqwKds5CcE44uuhcXNB1wDVdIbi7jmunY7NKfl_kYZOPmPg_aem_MLiv_qAnnQpOiPplvUq3Pw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

244 сведоци предложени од одбраната во случајот…

Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската…