Објавено на:

Владимир Путин се сретна со еден од највисоките поранешни заповедници на платеничката група „Вагнер“

t

Владимир Путин се сретна со еден од највисоките поранешни заповедници на платеничката група „Вагнер“, за која Кремљ кажа дека сега работи за министерството за одбрана. Андреј Трошев беше близок соработник на шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, кој загина во авионска несреќа во август, само два месеца откако предводеше побуна во Русија.

„Претседателот Путин побара од Трошев да раководи со доброволните борбени единици во Украина“, објави Кремљ.

На снимката што ја објави Кремљ, Путин му вели на Трошев дека би можел да ги надгледува доброволните единици кои извршуваат разни борбени задачи во зоната на специјалната воена операција.

„Знаете кои проблеми треба однапред да ги решите за да можат борбените активности да се одвиваат на најдобриот и најделотворен начин“, кажа Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, дополнително појасни дека Трошев сега работи за министерството за одбрана.

Минатиот месец, Путин им нареди на сите борци на „Вагнер“ и на други руски приватни воени единици да се стават под контрола на Кремљ.

Трошев, познат под прекарот Седој, е ветеран на војните во Авганистан и Чеченија и му беше доделен медалот Херој на Русија за поддршката на владините сили на Сирија како заповедник на „Вагнер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…