Владините веб-страници навремено блокирани по заканите за хакерски напади низ Европа
Веб-страниците на владата и на министерствата беа навремено заштитени со преземање превентивни и технички мерки, по објавувањето на информациите за критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик „пи-ејџ-пи“ (PHP), кои предизвикаа привремено исклучување на бројни владини веб-страници низ Европа и светот, соопшти министерството за дигитална трансформација.
„Како дел од превентивните активности, привремено беше блокиран надворешниот веб-сообраќај кон засегнатите системи за да се спречи евентуално искористување на ранливостите. Потоа беа спроведени проверки на софтверските верзии, применети соодветни безбедносни закрпи и ажурирања и проверени функционалноста и безбедноста на веб-сервисите“, додаваат од министерството.
Велат и дека преземените мерки се насочени кон намалување на ризикот од неовластен пристап, извршување злонамерен код и потенцијално компромитирање на веб-серверите. Според досегашните проверки, не се утврдени индикации за успешно искористување на наведените ранливости или за компромитирање на веб-страниците на владата и министерствата, пишува во соопштението на министерството за дигитална трансформација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…