Властите во Милано ќе им забранат на „Делии“ влез на „Џузепе Меаца“

t

Италијанската полиција ја разгледува можноста поради безбедносни причини да го забрани присуството на навивачите на Црвена звезда на натпреварот против Интер на 1. октомври во Милано.

Според неофицијалните информации, официјалната одлука се уште не е донесена, но има сериозни индикации дека на „делиите“ ќе им бидат одбиени влезниците за овој натпревар, што инаку би сочинувало пет проценти од капацитетот на „Џузепе Меаца“.

И покрај тоа, не се очекува во тие денови да биде воведена забрана за влез на српски државјани во Италија. Оваа одлука е потенцијално мотивирана од инцидентите меѓу навивачите на Црвена звезда и Рома, кои кулминираа во последните години. Безбедносната проценка на италијанските власти сугерира дека може да дојде до конфликт меѓу приврзаниците на „Делите“ и римјаните кои би дошле во Милано само колку да им направат проблеми на омразените ривали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…