ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста

t

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети со кои требаше да покаже дека СДС бележи раст на рејтингот, а граѓаните наводно ја  губат довербата во ВМРО-ДПМНЕ. Две недели подоцна, анкетите ги нема. Филипче и СДС молчат по дебаклот во Брвеница, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Од Филипче и СДС нема анкети, нема резултати, нема објаснување. Има само празни ветувања и лаги од Венко Филипче.

Филипче, каде се анкетите што ги најави? Ако навистина покажуваат раст на СДС, зошто не ги објавиш? Од што се плашиш? Дали резултатите не се такви какви што ги претставуваше или станува збор за уште една пропагандна конструкција на партискиот штаб на СДС?

Реалноста е јасна и не се менува со изјави и лаги од кујната на СДС.  Резултатите во Брвеница се јасен политички удар за СДС, каде според прикажаните изборни резултати, СДС загуби со разлика од четири спрема еден.

Додека Филипче зборува за наводен раст на поддршката на СДС,  во партија се повеќе се јавуваат фракции и се поголемо е незадоволството на нивнито членство.

Филипче да не се крие зад необјавени анкети и да ја замајува јавноста со празни ветувања. Политичката доверба не се гради со измислен оптимизам, туку со резултати и одговорност.

Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од проверка на довербата кај граѓаните. Напротив, поддршката се потврдува со конкретна работа, одговорност и резултати. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат јасна политичка предност, додека СДС под раководство на Филипче сè повеќе се соочува со криза на доверба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…