ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните мака мaчат да врзат крај со крај, Шилегов и Јанчева на предновогодишна забава испиле и изеле 92 илјади денари, пари на граѓаните
Секој ден, нов скандал од страна на функционерите на СДСМ кои изминатите години го опљчкаа македонскиот народ. Нервозата на СДСМ и нивните бивши функционери е се поголема, бидејќи на виделина испаѓаат криминалите и скандалите кои ги правеа со години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од парртијата велат дека луксузирање во ресторани со скапи пијалоци и специфични јадења се задоволството на Петре Шилегов и Љубица Јанчева кои граѓаните ги чини илјадници евра.
Предновогодишна забава во организација на Шилегов, сметката ја потпишува Јанчева, а ја плаќаат скопјани.
-Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај, Шилегов и Јанчева на предновогодишна забава испиле и изеле 92 илјади денари, пари на граѓаните. Наместо проекти за доброто на сите скопјани, парите и времето администрацијата предводена од Шилегов и Јанчева ги трошеле гоштевајќи се во ресторани. Додека пола милион луѓе живеат во сиромаштија, Шилегов и Јанчева пиела ексклузивни виски, како Џони Вокер старо 12 години, Џејмисон, Џек Дениелс, како и Чивас Ригел. На оваа прослава поранешниот градоначалник Шилегов имал посебно мени, посебна порција од бифтек на путер кои чинел 2.400 денари, пари со кои едно македонско четиричлено семејство ќе преживее една недела, се наведува во соопштението на партијата.
Со парите на скопјани се плаќа луксузот по ресторани на функционерите од СДСМ. Зголемена е паниката и нервозата во СДСМ бидејќи повеќе не може да се гоштеваат по кафеани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…