ВМРО-ДПМНЕ започнува со собирање на потписи за референдумот

t

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска со повик да се поддржи референдумот за поништување на Договорот со Бугарија.

-Ние 2017 година го критикувавме Договорот за добрососедство. Исто и дел од јавноста не беше свесна. Сега штетните последици стапуваат на сила и ќе продолжат во иднина. Јавноста е зрела за овој договор да биде ставен на тест и истиот да биде прекинат, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер, Антонио Милошоски околу одлуката за обирање потписи за задолжителен референдум за поништување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Милошоски појаснува дека според Законот за референдум, пишува дека тема на референдумско појаснување може да биде одредена тема во надлежност на Собранието.

-Затоа сметаме дека таа треба да биде темата. По однос на предлог-рамката за преговори, тоа е надлежност на Владата. Договорот со Бугарија е изворот со штетните последици. Нас не ни е виновна Германија или Франција за предлогот. Основата во штетните клаузули е Договорот со Бугарија, рече Милошоски во вестите на Тв Сител.
Тој вели партијата нема проблем да поддржи рамноправен договор со Бугарија.

Од СДСМ одговорија дека референдумот кој е против Европската унија, против македонскиот јазик и идентитет нема да успее. Откако пропаднаа сите обиди на Мицкоски за дестабилизација на државата, Мицкоски измислува нови форми за нови блокади изјави Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

„Оваа иницијатива на Мицкоски е референдум против членството во Европската унија, против македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Иницијативата е за негова внатрешна употреба која нема поддршка од граѓаните нема поддршка од опозициските партии и нема да успее. Иако Договорот е ратификуван пред четири години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Дарко Каевски од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…