ВМРО-ДПМНЕ за инает блокира закон за повисоки плати во Армијата, па бега од одговор!

t

Да беа од Битола ќе ги викаа „блокатори“…

ДПМНЕ очигледно се навикна да блокира, па по блокадите од советниците во Општина Карпош, во Градот Скопје, во ЈСП, сега на пратениците им пречи новиот предлог-Закон за вработени во одбраната на кој му поднесоа 1.500 амандмани.

Законот е во собраниска процедура и носи низа придобивки за вработените во Министерството за одбрана и тоа:

– вработување без јавен оглас за рабoтни места кои се дефинирани како критична специјалност,

– вработување без јавен оглас на лице со попреченост,

– можност за вработување без јавен оглас за позиции за кои согласно видот и природата на работните задачи се потребни посебни услови,

– работен однос без јавен оглас за еден невработен член на семејството на починат вработен во МО и на припадник на безбедносните сили,

– се подобрува стандардот на вработените во одбраната,

– ефикасен систем за менаџирање со човечките ресурси во одбраната,

– создавање на услови за градење на персонал за работа на НАТО позиции,

– дел од вработените добиваат статус на овластени службени лица,

– стипендирање на лица кои се дел од критични специјалности,

– вработен кој е избран за член на спортска државна репрезентација има право на платено отсуство од работа во траење од 90 дена заради подготовки за учество на олимписки игри и на светски и европски првенства,

– пензионирање со 40 год пензиски стаж за мажи или 35 за жени или 64 години мажи, 62 жени од кои најмалку 15 год работен стаж во МО,

– бенефициран работен стаж 12/15

– пензија 80% од просечна нето плата од најповолните 10 години од пензискиот стаж…

Претхорно министерката за одбрана, Славјанка Петровска нагласи дека овој закон ќе ги унапреди работните процеси во министерството.

– „Кога зборуваме за бенефитите и придобивките од овој закон дадени се многу позитивни решенија кои ќе ги подобрат работните процеси во Министерството. Не можете да очекувате вработените да бидат доволно мотивирани ако немате соодветна алатка, не само за парична награда или за зголемување на нивните плати, меѓутоа и за побрзо, поефикасно и се разбира правично унапредување во системот“, рече министерката.

Инаку, подносител на амандманите на овој предлог-закон е пратеникот од Куманово, Бране Петрушевски, кој за една минатата година земал 186.178 денари патни трошоци, редовно зема плата зголемена за 78%, но има нешто против покачување на платите и подобрување на условите за работа на вработените во одбраната.

Како образложение за блокада на предлог-законот, неофицијално се наведува недонесувањето на законот за бранители, но тука се поставува и прашањето, зошто партијата чиј пратеник е Петрушевски во деценијата претходно не донела ваков закон.

Дополнително, министерката Петровска во интервју за „360 степени“ објасни дека две иницијативи кои ги поднел лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов во врска со бранителите, ќе бидат проследени до Владата и доколку се соодветни ќе бидат усвоени во Владата.

Инаку „Инфомакс“ му постави неколку прашања на пратеникот Петрушевски, кој ја видел пораката, но повторно избега од одговор.

Го прашавме пратеникот од кои причини смета дека законот треба да се блокира, дали е против подобрување на условите за вработените во одбраната, дали е против вработување на лицата со попреченост и каква е содржината на амандманите кои ги поднел на овој закон. Како што кажавме, одговор не добивме, иако доколку самиот ги составил амандманите поради сопствено убедување дека нешто во законот е, или не е како што треба, не би биле потребни повеќе од десетина минути за кратки и јасни одговори на прашањата.

Колку дипломиран инженер по информатички технологии е компетентен да коментира закон поврзан со одбрана, нема да навлегуваме и секако секој пратеник има право да поднесе амандман доколку смета дека е потребно. Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ го блокираат овој закон, но за иронијата да биде поголема претходно заедно со СДСМ го сменија Деловникот за работа на Собранието со кој вакви блокади во следниот парламентарен состав нема да бидат возможни.

Дали имаат чесни и искрени намери, проценете сами и да, да беа од Битола ќе ги викаа „блокатори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

СДСМ: Срамно е да има три верзии…

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…