ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно ги оставија на цедило бранителите од 2001 година

t

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно ги оставија бранителите од 2001 година на цедило, велат од локалниот огранок на Левица во Битола.

Партијата преку Советот на општина Битола поднесе иницијатива за унапредување на правата на бранителите.

-Локалната власт ДПМНЕ остана воздржана, СДС со коалицијата и ПОИНАКУ гласаа против ваквата иницијатива.
Единствени кои гласаа ЗА беа советниците од ЛЕВИЦА и советникот Вангелов од редовите на ДПМНЕ.

Според член 10 од законот за припадници на безбедносните сили на Р. Македонија, државните органи, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи, се должни при вработување под еднакви услови да дадат предност на невработен припадник на безбедносните сили кои се документовани во прилог на иницијативата.

Оваа иницијатива е согласна со сите закони на Р. Македонија од страна на Здружението на воени инвалиди и ветерани “БРАТСТВО 2001” кое е единственото функционално здружение за заштита на правата на бранителите од 2001 година.

Ова здружение, во неколку наврати испраќаше барање до градоначалникот и општината, но никој не става приоритет на овие бранители кои чесно застанаа во одбрана на нашата татковина.

Кога овие лица ја бранеа државата и покажуваа храброст, секогаш им беа најзначајните на сите политички гарнитури.

Денес, тие се заборавени, додека, со оние кои се гледаа преку нишан, добија боречки пензии и секакви бенефити од државата и ги прогласивте за народни херои.

Дали за овие македонци, бранители нема простор во локалните самоуправи иако се заштитени со закон од законот за припадници на безбедносните сили и бранители на Р. Македонија според член 10.

Битола и Прилеп изгубија најмногу припадници во војната во 2001 година. Ова ситуација никој не ја става во предвид. Нивните семејства секогаш ќе патат за своите најблиски и оние кои преживеале и се соочуваат со трајни психо-физички последици. – велат од Левица.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…