ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот на СДСМ за финансиска поддршка на семејствата во Кочани

t

ВМРО-ДПМНЕ нема да гo поддржи специјалниот предлог-закон на СДСМ кој, како што најави партискиот лидер Филипче треба да обезбеди финансиска и институционална поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани. 

Според пратеникот Бојан Стојановски, владејачкото мнозинство ќе ги дуплира или трикратно ќе ги зголеми средствата кои што Владата ги одвоила за сите општини, со цел да помогне на Кочани, а паралелно се водат преговори со повеќе инвеститори своите капацитети да ги изградат во индустриската зона таму.

Како што вели пратеникот, паралелно се водат преговори со повеќе инвеститори кои што имаат донесено одлука да инвестират во Македонија и своите капацитети да ги изградат во индустриската зона во Кочани.

-Владата ги покрива трошоците на оние кои што лекуваат во странство и ќе продолжи да ги помага повредените и семејствата на починатите. Индикативно е зошто Венко Филипче сега предлага таков закон, а не предложи закон за оние лица кои загинаа во пожарот во Модуларната болница и за трагедиите во Ласкарци и Бугарија. Одговорот е јасен – семејствата на починатите и на повредените целосно ќе ја имаат поддршката од Владата, рече Стојановски.

Лидерот на СДСМ вчера најави дека нивните пратеници подготвуваат специјален Закон со за финансиска и институционална помош за семејствата на настраданите во Кочани, како и дополнителна поддршка за оние кои имаат повредени членови. Целта е да им се помогне на семејствата полесно да ги пребродат тешките моменти и трошоците што произлегуваат од трагедијата, изјави Филипче.

Ваквата иницијатива на СДСМ доаѓа по вчерашниот протестен марш во Скопје на семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Тие побараа одговори и правда за кочанската трагедија од пред обвинителството, по што продолжија кон Парламентот каде им се придружија пратеници од СДСМ и Левица. На крајот родителите заминаа на средба со министерот за внатрешни Тошковски, кој ги покани во неговиот кабинет за да ги информира за досегашната истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…