ВМРО-ДПМНЕ не ја дава, Арсовска пак бара разрешување на Спировска
Скопската градоначалничка Данела Арсовска повторно бара градските советници да ја разрешат Јулијана Спировска од функцијата претседател на Управниот одбор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ поради пресуда од Основниот суд на Струмица од 2022 година, со која таа е осудена на условна казна од три години за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.
Според член 17-ѓ став 2 алинеја 4, основачот на јавното претпријатие може да го разреши членот на управниот одбор на јавното претпријатие ако со правосилна судска пресуда во текот на извршување на функцијата, му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност. На Јулијана Спировска ѝ престанува мандатот член на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје, поради пресуда К.бр.244/19, донесена од Основен суд Струмица. Врз основа на горенаведеното, се предлага Советот на Град Скопје да ја донесе предложената Одлука за разрешување член на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, се вели во образложението на предложената одлука, која е на дневен ред на денешната седница по предлог на градоначалничката.
Арсовска во изминатиот период неколкупати во своите објави на Фејсбук ја посочи Спировска како одговорна за состојбата со сметот во Скопје.
Ако се прашувате зошто со месеци и години имате проблеми со собирање на комуналниот отпад низ Скопје, одговорот е поради Јулијана Спировска од ВМРО, која од судот во Република Македонија е осуден криминалец, а во исто време е претседател на Управниот одбор на „Комунална хигиена“ избрана да раководи од ВМРО и Влен. Со партиски инструираната работа на Јулијана како претседател на УО на „Комунална хигиена“ документирана во записници со содржина, насоки и заклучоци, претпријатието под нејзино водство е хаос! – објави Арсовска.
Притоа, таа посочи дека три и пол години со претпријатието управува Управен одбор избран од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, не наоѓајќи вина и одговорност во директорите што лично таа ги поставува за ѓубрето низ Скопје
Кој и да е директор, тој добива согласности и спроведува одлуки донесени од Управниот одбор раководен од претседателката, која во овој случај е кривично осудено лице кое по закон не би смеело да ја извршува таа функција. На чело на Управниот одбор на „Комунална хигиена“ е претседателка што е осудена со правосилни судски пресуди за кривични дела што се јавно достапни, и тоа во 2006 за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот според член 300 од Кривичниот законик и во 2022 година за тешки дела против општата сигурност според член 292 од Кривичниот законик. Веројатно ви е јасно што ваквите лица се подготвени да направат за политички да поентираат и профитираат, па макар градот се удавил во смет – напиша градоначалничката на Фејсбук.
Обвинувањата дојдоа во периодот кога Арсовска почна јавно да ги обелоденува, како што рече, „криминалите“ направени со дивоградбите и нивната легализација во Општина Чаир. Притоа, не е јасно зошто претходно не побарала разрешување на претседателката на Управниот одбор на претпријатието кое треба да се грижи за чистотата во градот, особено доколку ги поседувала овие податоци.
Сепак, за разрешувањето на Спировска беше одржана и вонредна седница на која не се изгласа таквиот предлог, седницата ја напуштија советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Советничката од оваа партија Анета Марковска Илиевска посочи дека токму претседателката на Управниот одбор ги открила нерегуларностите во работењето како и прекршување на актите во ЈП „Комунална хигиена“.
Практично тоа е и целата хистерија што во моментов ја гледаме и претходно на Советот во Град Скопје. Некои очигледно се држат повеќе да се скријат трагите отколку да излезе вистината на виделина, а вистината боли – рече Марковска Илиевска.
Таа на вонредната седница посочи дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да учествува во понатамошната работа на седницата на Советот, со цел да не учествува во јавниот линч на жената односно членот на Управниот одбор и во навредите кон членовите.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ не ја дава, Арсовска пак бара…
Скопската градоначалничка Данела Арсовска повторно бара градските…
Вработен земал поткуп во клиничката болница во…
Министерството за здравство најостро го осудува секој…
Кочанска трагедија – 10 милиони се уште…
Поминаа четри месеци од пожарот во кочанскиот…
Градоначалникот на Струмица го оствари ветувањето: Струмичките…
И официјално храброста доби достоинство! Тоа е…
Куќен пожар во Штип: Жена со изгореници,…
Вчера попладне во тесните улички на Горно…