Градоначалникот на Струмица го оствари ветувањето: Струмичките пожарникари добија плата од 80 илјади денари!
И официјално храброста доби достоинство!
Тоа е најмалку што можев да направам за нашите пожарникари, луѓето со невидена пожртвуваност и одговорност, чувари на нашите животи и материјални добра, на нашата Струмица.
Со заменик командирот на ТППЕ Струмица Александар Гудев, денеска го потпишавме Меморандумот за соработка и спроведување на систем за вреднување на работна успешност.
Ова значи плата од 80.000 денари плус додатоци која ќе важи од септември, а исплатена во октомври.
Среќен сум, а знам дека и нашите пожарникари се среќни затоа што ќе имаат највисоки плати меѓу своите колеги, со своите семејства ќе имаат достоинствен живот, ќе бидат уште повеќе мотивирани и попрофесионални во професијата со висок ризик по нивните животи.
Ве почитувам од срце и душа, ви се восхитувам на храброста, ја ценам вашата пожртвуваност и ја заслуживте мојата одлука за враќање на вашето достоинство и чест.
Од срце за нашите херои!
Од срце за нашата Струмица!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…