ВМРО-ДПМНЕ: „Пиунот Ковачевски да се извини за сите предавства и криминали на Заев“

t

Пиунот Ковачевски да се извини за сите предавства и криминали на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Димитар Ковачевски треба да се извини за грабежот кој Заев и го приреди на државата во форма на 5 годишни буџети. За 60.000 останати без работа, за 5.600 фирми што ставија клуч на врата, за инфлацијата и десеткратно поскапата струја.

Ковачевски да се извини на сите фирми и граѓани на кои Заевци им барале рекет, а за што гледаме дека излегуваат и сведоштва како во писмото на Бојан Јовановски до Заев, за што самиот тврди дека има докази во неговиот телефон.

Ковачевски да се извини за сите лаги кои Заев ги изрече, за безбројните датуми, кои само што не ги добивме, а сепак на крај не ги добивме.

Ковачевски треба да се извини на целата нација затоа што Заев и Филипче 5 месеци не обезбедија вакцини затоа што бркаа провизии, а народот мораше да оди во соседните земји за да се вакцинира.

Ковачевски да им се извини на фамилиите кои изгубија членови на семејство затоа што Заев и Филипче тераа бизнис и политика во пандемија.

Ковачевски мора да се огради од Заев и да се извини, во спротива докажува дека е само негов пиун, и ништо повеќе од тоа, стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…