ВМРО-ДПМНЕ планира да земе мигранти и кредит од 6 милијарди евра, велат од СДСМ

t

Со кредитот од 6 милијарди евра да ги плаќаме мигрантите, да ги храниме и да ја плаќаме изградбата на социјални станови за нив. Така изгледа „патриотската“ политика на ВМРО-ДПМНЕ. – се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ ја внесе Македонија во НАТО за да ја обезбеди безбедноста и државните граници, а ВМРО-ДПМНЕ ни ја загрозува безбедноста со планови за носење мигранти за пари.

Државата нема пари, па ќе земе кредит што ќе го враќаат нашите деца, за да сместиме мигранти кои другите земји од ЕУ ги исфрлаат за да ја зачуваат безбедноста во своите држави – безбедноста на сите свои граѓани, на своите деца.

Вчера видовме дека не се способни да обезбедат ниту еден мал прифатен центар, кој мигрантите го демолираа, а камоли да обезбедат сместување за голем број мигранти во Македонија.

Во Албанија веќе пристигнаа првите мигранти. Во Косово веќе пристигнуваат депортирани мигранти, а сите знаеме која држава е следна – Македонија.

Вака не може, Мицкоски! Борбата почна и нема да застане! – порачаа од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ планира да земе мигранти и кредит…

Со кредитот од 6 милијарди евра да…

СДСМ со нова бомба: Банкарот на Вучиќ…

Финансиската полиција да отвори истрага за преземањето…

Курти: Косово ги прифаќа мигрантите депортирани од…

Косово почна да прифаќа мигранти што Соединетите…

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама…

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во…

СДСМ: (Документ) Еве ја Резолуцијата, ќе ја…

ДПМНЕ се прави глува и не одговара…