ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1
Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 96,94% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во Скопје и во 21 општина. Коалицијата ВРЕДИ во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга.
ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.
Коалицијата ВРЕДИ води во Тетово, Боговиње, Дебар и Долнени, додека, кандидатите на СДСМ имаат водство во Центар, Македонска Каменица и Зрновци.
Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во Студеничани, а независниот каднидат Менди Ќура во Струга.
Кандидатот на ЗНАМ води во Куманово, а на Унијата на Роми во Шуто Оризари.
Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина…
Државната изборна комисија денеска во рамки на…
До 11 часот гласале 10,1 отсто од…
Според најновите податоци на Државната изборна комисија,…
Владата ќе назначи повереници таму кадешто нема…
Во вториот круг се гласа за двајцата…
Кондарко: Нема пријави за проблеми од денешниот…
Денеска своето право на глас го остваруваат болните…
ДИК: Гласањето на болни и затвореници се…
Гласањето за болни и немоќни лица, притворени…