Владата ќе назначи повереници таму кадешто нема да се избере градоначалник
Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.
Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.
По добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот. Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.
Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Kонечните резултати од изборите ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без…
Гласањето во Брвеница денеска започна во 7…