ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба помеѓу граѓаните, затоа администраторот на владата водена од ДУИ, Ковачевски, бега од избори
ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба помеѓу граѓаните, затоа администраторот на владата водена од ДУИ, Ковачевски, бега од избори, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од партијата.
-Според анкетите ВМРО-ДПМНЕ води со 22.5% пред СДСМ со 17.9%. Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ константно расте, додека за СДСМ паѓа. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните споредено со сите политичари во Македонија. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски ја ужива довербата на 17.7% од граѓаните, наспроти Димитар Ковачевски кој го поддржуваат само 5.5%. Ковачевски ги знае анкетите и тенденциите на јавноста, дека поддршката за СДСМ е во константен пад и затоа бега од избори. Ковачевски нема легитимитет, а нема ниту СДСМ, затоа треба да има нови предвремени парламентарни избори час поскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ во таа насока идната недела ќе предложи до собранието измени на Изборниот законик, што ќе значи укинување на техничката влада пред избори, со цел да се скратат роковите и да можеме да одиме што побргу на избори, од 45 до 60 дена како што е уставно пропишано. Воедно ВМРО ДПМНЕ е подготвено да разговара и за барањето за една изборна единица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…