ВМРО-ДПМНЕ со промени во пратеничкиот состав – тројца членови заминуваат на градоначалнички функции

t

До Собранието на Република Македонија се доставени известувања за престанок на мандатите на пратениците Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски, сите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој потег следува откако тројцата пратеници беа избрани за градоначалници на неодамна одржаните Локални избори, кои се одржаа на 19 октомври и 2 ноември.

Јане Мицевски е избран за градоначалник на Општина Сопиште, Бети Стаменкоска Трајкоска е новата градоначалничка на Општина Кисела Вода, додека Дејан Проданоски ќе ја предводи Општина Прилеп.

Се очекува Собранието, на денешната седница – која е прва по одржувањето на вториот круг од изборите – и формално да го констатира престанокот на нивните пратенички мандати.

По заминувањето на тројцата пратеници, нивните места ќе бидат пополнети со следните кандидати од соодветните изборни листи. На местата на Стаменкоска-Трајковска и Мицевски ќе дојдат нови пратеници од Изборната единица 1, а на местото на Продановски ќе влезе кандидат од Изборната единица 4.

Според најавите, на денешната собраниска седница пред пратениците ќе се обрати и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Теодорос Русопулос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ со промени во пратеничкиот состав –…

До Собранието на Република Македонија се доставени…

Трамп за Путин и Си Џипинг: Силни…

Лидерите на Русија и Кина, Владимир Путин…

Фатмир Лимани: Тажен ден за Кичево

Слично е на дождливи денови, но утре…

Архив на јавни собири: 110.000 луѓе се…

Еден ден по комеморативниот собир во Нови…

ВЛЕН: Со еден глас, Албанците го запечатија…

Коалицијата ВЛЕН прогласи голема победа на локалните…