ВМРО-ДПМНЕ со јавен повик за нови претседатели на општинските комитети
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со јавен повик за нови претседатели на општинските комитети.
Забележително е тоа што во рамките на гратскиот комитет Скопје, засега повикот е само за општинскиот комитет Центар.
Јавен повик за кандидирање на Претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод, Центар, Куманово, Пехчево, Делчево, Зелениково, Чешиново – Облешево, Штип, Карбинци, Свети Николе, Пробиштип, Градско, Чашка, Радовиш, Валандово, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Росоман, Кривогаштани, Новаци, Долнени, Крушево и Демир Хисар
Врз основа на член 35 став 1 алинеа 11 и член 42 став 1 алинеа 5 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, се објавува Јавен Повик за кандидирање за претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатите за претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да се достават биографија (CV), мотивационо писмо и план за работа на Општинскиот комитет, кандидатите за претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 07.03.2022 година во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Плоштад ВМРО, Палата д-р. Христо Татарчев бр. 1) во Скопје, Република Македонија или преку електронска пошта на [email protected].
ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.
Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција со цел заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…
СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…
Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…