ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како портпарол на бугарските барања и трча во прегратките на Румен Радев
Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча во прегратките на Румен Радев кој ја формираше владата на Бугарија пред неколку дена. Филипче не може да почека ни една недела, за да се огласи дека спремен е на нова серија на национални предавства и дека ќе го продолжи аманетот што му го остави Заев, па јавно вели дека сопствената држава создавала вештачки конфликти со соседите, а и изигрува кодош, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Румен Радев, новиот премиер на Бугарија, не е нова политичка фигура и јасни се неговите ставови околу македонскиот идентитет. Официјалните ставови од Софија се дека македонскиот јазик е од 1945 и има бугарски корени, дека Гоце Делчев е бугарин, а Филипче трча да му се продаде и разгласува дека ќе ги направи уставните измени. Филипче вели дека во 90-тите се зборувало за национални теми, а сега не биле битни и на тој начин се обидува да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека лидерот на СДСМ се однесува како портпарол на бугарските барања.
„Најавуваат некоја нова програма, и преку тоа од СДС се обидуваат да го убедат народот дека идентитетот и националните интереси не се важни, а Филипче се однесува како да е портпарол на бугарските барања. Венко Филипче се занимаваше со се освен со СДС, славеше туѓи победи на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ во други земји, шеташе во Рим и од таму со статуси се грижеше за работниците за 1-ви Мај додека беше на продолжен викенд, и е единствен политичар кој оди на летен распуст, на јахтите на Заев во Грција, за сега најново да се расфрла насекаде со изјави дека ќе ги направи уставните измени без гаранции. Според ова, него му е важна само фотелјата на Бихаќка и да дојде на власт за да го продолжи планот за уништување на државата на Заев, па мора да се разгласува дека тој е оној кој ќе каже ʼдаʼ на нова национална отстапка“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија соопштува дека опозицијата се обидува да најде начин како да штети на државата.
„Филипче веќе се замислува себе си во премиерска фотелја и заборава дека е опозиција, опозиција која од ниеден аспект не е конструктивна, па се обидуваат да најдат начин и како такви да штетат на државата. Венко Филипче и СДС доживеаја два последователни изборни порази и уште не ја научија лекцијата, па настапуваат арогантно во јавноста, се караат со медиуми, со новинари, како и со официјални претставници на други земји во Македонија. Од СДС, ги исклучија коментарите по социјалните мрежи што значи дека воопшто немаат интерес грижа што имаат да кажат граѓаните. Откако распродадоа се што можеше заедно со Заев, па после него и Димитар Ковачевски, откако ја испокрадоа државата, ја блокираа преговарачката рамка со ЕУ, мислат дека некој пак ќе ги гласа. Тоа што се обидува да го наметне како нормално, односно уставните измени без гаранција, нема да му пројде затоа што народот знае кои се Венко Филипче и СДС и дека никогаш не работеле за интересот на Македонија и на македонските граѓани. Македонија заслужува опозиција која се бори за интересите на граѓаните, а не опозиција која коленичи пред странски премиери, затоа народот и трет пат ќе им ја испрати истата порака на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како портпарол на…
Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча…
Филипче: Македонскиот идентитет не го загрозуваат малцинствата…
Го слушав говорот на премиерот вчера, подоцна,…
СДСМ: По ЗНАМ, се распаѓа и ВМРО-ОКГ,…
Паника и распад се случуваат во криминалната…
Јакимовски за Лукровски: Ако е на боледување,…
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски,…
Филипче му честиташе на Маѓар: Слободна Унгарија…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му честиташе…