Филипче му честиташе на Маѓар: Слободна Унгарија дава надеж за слободна Македонија, да живее Европа

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му честиташе на Петер Маѓар кој денеска положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија, ставајќи крај на 16-годишното автократско владеење на Виктор Орбан.

„Честитки до новиот премиер Петер Маѓар и до целиот унгарски народ! На Денот на Европа, Унгарија доби демократска влада. По 16 години криминал, корупција, автократска власт и гушење на слободата под режимот на Виктор Орбан, Унгарија конечно доби шанса за нов почеток и слобода. Иако нашите партии не се од иста идеологија, нè спојува демократијата и заедничката борба против автократските режими. Вие и вашата партија Тиса ја ослободивте Унгарија од авторитарниот и корумпиран режим, ѝ го вративте достоинството, го отворивте патот кон вистинска демократија и ја вративте надежта на своите граѓани. Ние во Македонија водиме иста борба. Како и вие, се спротивставуваме на истиот тип на корумпиран, авторитарен и антиевропски модел на власт. Како и вие, веруваме дека промената е возможна и дека никој не смее да биде над законот. Се надеваме дека овој ден на радост и промена наскоро ќе дојде и во Северна Македонија – денот кога сите оние кои ја злоупотребуваа власта, ја крадеа државата и ја туркаа Македонија во изолација, ќе одговараат пред лицето на правдата“, напиша Филипче на Х.

Тој посака успех на унгарската влада.

„Ние веруваме во демократија во која институциите работат за граѓаните, а не за една партија. Веруваме во Европа како заедница на вредности, а не како закана. Веруваме во вистинските вредности – слобода, правда и почит кон човековите права. Веруваме дека вистината мора да победи над лагите и пропагандата. Веруваме во слободни медиуми кои информираат, а не кои служат на власта. И веруваме во слободен говор без страв од репресија. Нека вашата победа биде инспирација за сите нас кои се бориме за слободна, демократска и европска иднина. Нека нашите земји во блиска иднина ги поврзува пријателството и соработката, а не корупцијата и медиуми за ширење пропаганда во служба на криминални групи. Слободна Унгарија – слободна Македонија! Во свое име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ви посакувам успех во работата како премиер. Да живее Европа“, вели Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче му честиташе на Маѓар: Слободна Унгарија…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му честиташе…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче како Коте од Руља, се…

Филипче како Коте од Руља, се стави…

СДСМ: Граѓаните чекаат одговор – Дали се…

Соопштение за јавност Знаеме дека ЗНАМ се…

Мицкоски го покани Радев на средба: Додека…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно упати покана…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за власт е спремен и…

СДС и Филипче продолжуваат со политики спротивни…