ВМРО-ДПМНЕ: Човек кој тепаше жени ќе ја претставува Македонија во Обединетите Нации
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на одлуката на Претседателот Пендаровски да го назначи Љубомир Фрчкоски за амбасадор на Македонија во Обединетите нации.
Ја пренесуваме реакцијата на партијата во целост:
“Тежок блам за Пендаровски, човек кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ООН.
Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90тите години.Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен.
Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали.Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк. Пендаровски ги потценува САД.
Пендаровски го нарушува угледот на Македонија.” – стои во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола…
РЕК Битола веќе неколку дена е во…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…