ВМРО-ДПМНЕ ќе го пpeгази СДCM на следните избори: На најновата анкета речиси двоцифрена paзлика во рејтинг
Најновата теренска анкета на агенцијата ИПСОС која што беше спроведена во два дела, ја прави ВМРО-ДПМНЕ апсолутен победник доколку се одржат парламентарни избори. Имено, ВМРО ДПМНЕ бележи досега најголемо водство од 9% пред СДСМ. Мнозинството граѓани сметаат дека државата оди во погрешна насока, најголем проблем економија, мали плати, а и високи цени покажува најновата спроведена анкета на ИПСОС брифираат од партијата на Мицкоски..
За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.
Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.
1. Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале?
ВМРО-ДПМНЕ 21%
СДСМ 12.5%
ДУИ 7.2%
ЛЕВИЦА 4.3%
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.3%
БЕСА 0.7%
ВМРО НАРОДНА 0.5%
ИНТЕГРА 0.4%
ЛДП 0.4%
ТВОЈА ПАРТИЈА 0.2%
АЛТЕРНАТИВА 0.3%
НДП-RDK 0.2%
ГДУ 0.1%
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ 0.1%
ДОМ 0.1%
ДРУГО 0.3%
НЕОДЛУЧИЛЕ 19.2%
ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ 18.1%
НЕМА ДА ГЛАСАМ 11.1%
2. Дали државата се движи во правилна насока?
Декември
Погрешна насока 60%
Правилна насока 25%
Не знае/одбива 15%
Ноември
Погрешна насока 57%
Правилна насока 31%
Не знае/одбива 12%
3. Кој се најзначајни проблеми?
Економија/финансии 17%
Високи цени, мали плати 13%
Невработеност 10%
Корупција, криминал 8%.
Понатаму, во вториот дел од анкетата = вклучени се повеќе прашања, за тоа какво мислење граѓаните имаат за работењето на премиерот Зоран Заев, за борбата со корупцијата, за економијата ит.н… Во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.
1. Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?
Лош резултат од работата 53%
Добар резултат од работата 29%
2. Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?
Незадоволителна 64%
Задоволителна 29%
3. Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:
Незадоволни 55%
Задоволни 37%
Инаку, како што објавивме ВМРО ДПМНЕ има стабилна предност во однос на СДСМ од досега највисоки 9%, огромно мнозинство смета дека државата оди во погрешна насока, најголем проблем економија, мали плати, а високи цени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…