ВМРО повика на национално единство
Опозициската партија со соопштение до медиумите кое го пренесуваме интегрално:
„Национално единство за прашања кои се важни за државата, ВМРО-ДПМНЕ е стожер на Македонија.
Кога се во прашање националните интереси, ВМРО-ДПМНЕ е за заедништво и национално единство. Кога треба да се заштитат интересите на Македонија сите партии ја имаат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е наш заеднички дом, а кога е во прашање нашиот заеднички дом, сите мора да го чуваме. Затоа го повикуваме и Димитар Ковачевски да не стои наспроти народот, туку да застане во одбрана и на линија на црвените линии на Македонија.
Но ако мислат дека тоа е поддршка за се се лажат. Одговорност ќе имаат за криминалот, бидејќи тој не се заборава. Секој кој ја ограбил државата и народот ќе одговара. Како овие покрај Ковачевски сега, така и неговиот претходник кој се повлече од политиката, со мисла дека ќе биде заборавен.
За да тргне државата напред, потребна е одговорност. И еднаквост пред законите.“ – Пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола…
РЕК Битола веќе неколку дена е во…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…