Внатрепартиската фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски веднаш да си поднесе неотповиклива оставка
Внатрепартиската фракција на ВМРО-ДПМНЕ предмалку објави соопштение во врска со посетата на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во Македонија и неговата средба со Христијан Мицкоски.
-По денешната средба со Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД во Македонија, госпоѓа Ангела Агелер, Фракцијата за ревитализација и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ го повикува таканаречениот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш и неодложно да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата која ја узурпира и со тоа да создаде услови за организација на партијата за Статутарни промени, нејзина брза демократизација и непречено одржување на вонреден Конгрес, на кој по системот еден член еден глас, ќе биде избран нов претседател на партијата.
Со денешното инаетење, само за да ги заштити интересите на своите бизнис ментори, (олигархиско-политичката банда Заев, Анѓушев, Филипче и други), спротивно на интересите на Македонскиот народ, граѓаните на Македонија и државата Македонија, узурпаторот Мицкоски, сам си ја отвори вратата кон буништето на македонската историја. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била партија која се залага за вредностите на западните демократии на чело со САД. Почнувајќи континуирано од историското ВМРО до создавањето на самостојна држава Република Македонија со нескриена и недвосмислена историска и актуелна поддршка и покровителство од САД и другите западни демократии. ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година до денес и членовите на нашата партија не доживеале вакво понижување и срам, како што тоа денес им го приреди Христијан Мицкоски, отворено навредувајќи ги напорите и спротиставувајќи се на вредностите на САД и ЕУ.
Фракцијата за ревитализација и демократизација на ВМРО -ДПМНЕ, ги повикува сите пратеници избрани од листите на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, да ги отфрлат диктатот и притосокот кои им го прави. На тој начин оневозможувајќи го штетното влијание, деспотско и не демократско однесување на Мицкоски и неговото раководство. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска сами, по слободно изразена волја, да ги изгласаат уставите измени.
На членството на партијата му порачуваме, да остане смирено, без изливи на емоции и да не подлегнува на хистеријата на Мицкоски, бидејќи се ближи денот кога конечно партиската диктатура ќе престане и ќе се слушне нивниот глас.
Оддел за комуникација и односи со јавноста и медиумите на фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…