Внатрешна контрола на МВР испитува полицијци кои постапувале во десет пријави за насилство кај Јовановски

t

Полициските службеници кои постапувале по десетина пријави за семејно насилство во семејството на Ивана Јовановска, која загина по пад од балкон заедно со својата шестгодишна ќерка, се предмет на проверка од Секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија.

Според неофицијални информации објавени од ТВ 24, меѓу пријавите имало случаи за семејно насилство, кавги и викање, закани и нарушување на јавниот ред и мир. Дел од пријавите биле поднесени од сега починатата Ивана Јовановска, дел од соседите, а имало и пријави поднесени од други членови на семејството.

Материјалите по кои постапува внатрешната контрола на МВР веќе се обезбедени, а од утре се очекува да започнат и разговори со полициските службеници кои постапувале по секоја од пријавите поврзани со семејството Јовановски, изјавил извор од истрагата за ТВ 24.

Од Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое е надлежно за евентуална кривична одговорност на полициските службеници, потврдуваат дека се издадени конкретни насоки за спроведување проверки и прибирање на сите релевантни информации и докази. Како еден од клучните документи го очекуваат извештајот од внатрешната контрола на МВР.

„По доставување на известувањето од Секторот за внатрешна контрола, обвинителството ќе изврши сеопфатна оценка на сите прибрани сознанија и без одлагање ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука за понатамошно постапување“, соопштија од обвинителството.

Во меѓувреме, истражните дејствија продолжуваат. Осомничениот Стојанче Јовановски, кој според наводите со години ја малтретирал својата сопруга, а на денот на трагедијата двапати физички ја нападнал – за што постои и видео-снимка – доби дополнителни осум дена притвор. Полицијата интервенирала и на денот на настанот, но според министерот Панче Тошковски, тогаш не биле констатирани видливи телесни повреди кај жртвата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внатрешна контрола на МВР испитува полицијци кои…

Полициските службеници кои постапувале по десетина пријави…

Филипче се приклучи на денешниот марш

Традиционалниот осмомартовски марш во Скопје и годинава…

Вашингтон тврди дека иранската енергетска инфраструктура не…

Соединетите Американски Држави не планираат да ја…

32-годишник од Тетово чувал дома малолетничка и…

На 07.03.2026 во 15:20 часот на ул.„Киро…

„Се доцни со исплатата кон економските субјекти“:…

Економската состојба во државата е сериозно влошена…