Вашингтон тврди дека иранската енергетска инфраструктура не е цел на нападите
Соединетите Американски Држави не планираат да ја нападнат енергетската инфраструктура на Иран како дел од офанзивата против Исламската Република, изјави денеска американскиот секретар за енергетика Крис Рајт за телевизиска мрежа Cи Ен Ен.
– Немаме планови да ја напаѓаме нафтената индустрија на Иран, нивната гасна индустрија или кој било елемент од нивната енергетска индустрија, рече Рајт, додавајќи дека погодените објекти за складирање нафта и логистичкиот центар во Техеран биле цел на Израел.
Рајт посочи дека конфликтот и прекините во протокот на нафта и гас ќе траат „во најлош случај, само неколку недели, а не неколку месеци“.
САД и Израел го нападнаа Иран во сабота, 28 февруари, на што Техеран одговори со ракети кон Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток каде што се наоѓаат американски бази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…