Објавено на:

„Внимавајте, евакуирајте“: Петмина загинати во руски напад во источна Украина

t

Најмалку пет лица загинаа денеска, а уште пет се повредени во руски напад врз градот Константиновка во источна Украина, објави регионалниот гувернер на областа Доњецк, Вадим Филашкин.

Според него, на местото на нападот работат спасувачки и полициски екипи.

„Повторно ги повикувам сите: внимавајте, евакуирајте“, напиша Филашкин на Телеграм, без да даде повеќе детали за нападот.

Константиновка се наоѓа во близина на зоната на активни борби во областа Доњецк, каде руските сили напредуваат со месеци.

Во последниве недели, руската офанзива забрза, при што московските трупи немилосрдно напаѓаат кон градот Покровск, важен логистички центар кој моментално е главниот епицентар на борбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…

Израел може да ги погоди сите нуклеарни…

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…

Откако му ги откривме сите скандали на…

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Шефот на израелските одбранбени сили: Правиме историја,…

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…