Внимавајте на кого му давате лични податоци: Начинот на кој бил измамен ОВОЈ Македонец, нека ви биде лекција

t

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против А.К.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Првопријавениот, на 01 и 02 октомври 2021 година, со лажно прикажување на факти, искористил лични податоци на друго лице и во четири наврати во негово име електронски аплицирал за кредит на веб страни на четири финансиски друштва, од каде му биле одобрени средства од вкупен износ од 97.000 денари.

По ова, П.С. ги употребил средствата од платежната картичка на лицето и извршил 16 успешни трансакции кон домашни и странски прави лица.

Второпријавената А.К. се претставувала и потпишувала во друго име при вршењето на нарачките и приемот на производите кои потекнуваат од горенавадените кривични дела и притоа дел ги задржувала за себе, а дел ги предавала на првопријавениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон вели американските напади на Иран се…

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…

Кичевско риболовно друштво организираше хуманитарен настан за…

Риболовното друштво „Хантер Фиш Кичево“ организираше куманитарен…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…

Денеска се одржа седница на Комисијата за…