Внимателно: Полицијата деновиве на улица
247 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје, 59 за недавање предност на пешаци, 64 за преголема брзина
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 59, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.
Изречени се и шест санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 64 мерки за непочитување на брзината на движење…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
Косово губи 400 милиони евра поради санкциите…
Пратеничката на Демократската партија, Аријана Мусљиу-Соши, истакна…
Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…
Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…
Полицијата досега уапси три лица во Србија…
Полицијата досега уапси три лица во Србија…
Путин: Западот „си пукаше во нога“ со…
Ограничувањата ефективно доведоа до тоа Русија да…