Внуката на Делчев: Како Македонка дојдов од Бугарија во Македонија и среќна сум што гробот ќе ми биде каде што лежат коските на вујко ми Гоце
ојдов од Бугарија во Македонија зашто ме влечеше националното чувство како Македонка и среќна сум зашто гробот ќе ми се наоаѓа таму каде што лежат коските и на вујко ми Гоце, пишува во своето писмо внуката на македонскиот великан Гоце Делчев, Лика Чопова-Јурукова.
Кон средината на ноември 1976 година, тогаш 82-годишната Велика – Лика Чопова – Јурукова му напиша писмо на Васил Тасев, управителот на Домот за стари лица Димитар Благоев, во софиско Банки:
„Почитуван другар Тасев,
Се извинувам што не Ви соопштив дека ги напуштам засекогаш како домот Димитар Благоев, така и Народна Република Бугарија. Дојдов во родната Македонија зашто националното чувство сè ме влечеше кон родниот крај. Особено по пребројувањето (иако се запишав Македонка), јас не можев да се смирам зошто НРБ не ја призна националноста на Македонците што живеат во Бугарија.
Сега овде, меѓу слободните добродушни Македонци, душата ми се смири. Јас произлегувам од револуционерно семејство. Мајка ми Руша е сестра на македонскиот револуционер Гоце Делчев и првата жена што Гоце ја организира во ВМРО…
За време на Втората балканска војна, – 1913 година, родниот мој град Кукуш беше изгорен до темел. Ние се преселивме во Горна Џумаја (Благоевград)…
Се чувствувам среќна зашто гробот ќе ми се наоаѓа таму каде што лежат коските на вујко ми Гоце“, пишува во писмото внуката на Делчев.
Во 1976 година во тогашна Народна Република Бугарија бил извршен попис на населението. Во пописните листи немало рубрика националност, очигледно, за да се докаже дека во НР Бугарија живеат само Бугари.
Во претходните пописи кои биле правени во Бугарија, кога имало можност Македонците да се запишат како Македонци, тоа го правеле и тој број бил голем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…