Водата за пиење во виничките села Трстија и Трсино полна со бактерии
Водата од чешма на локалниот водовод во селото Трстија во Општина Виница има зголемена бактериолошка загаденост, а во однос на физичко-хемиските својства, исто како и кај чешма од водоводот во Трсино, регистрирана е неисправност, поради што тие воопшто не треба да се користат за пиење.
Загаденоста е утврдена со последните испитувања што ги направиле стручни екипи од Центарот за јавно здравје од Кочани. Анализите од земените примероци во вкупно девет села покажале дека во Трстија и во Трсино има зголемена присутност на калиум перманганат, поради што е неопходна претходна дезинфекција на водата за да може да се користи за пиење.
– Испитаниот примерок вода за пиење од чешма во двор во селото Трстија не одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка анализа, поради присуство на колиформни бактерии. Во однос на физичко-хемиската анализа, водата во Трстија и во Трсино не одговара на законските прописи за испитаните параметри, поради зголемена присутност на калиум перманганат. Водата не се препорачува за пиење и потребна е редовна и правилна дезинфекција за да може да се користи – се истакнува во извештајот од Центарот за јавно здравје од Кочани.
Испитувањето на примероците од локалните чешми во селата Пекљани, Драгобраште, Крушево, Калиманци, Виничка Кршла, Градец и Истибања покажало задоволителни физичко-хемиски и бактериолошки резултати.
Во писмените препораки до Општина Виница, од Центарот за јавно здравје – Кочани се нагласува дека кај сите селски водоводи е неопходна редовна дезинфекција, односно концентрацијата на резидуален хлор да се движи од 0,2 до 0,5 милиграми на литар вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…
Откако со години се жалеше на тоа,…
Водата за пиење во виничките села Трстија…
Водата од чешма на локалниот водовод во…
АХВ со нови мерки за водата во…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…
Дел од населбата 11 Октомври без вода
Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…