Објавено на:

Воената хунта во Нигер бара помош од групата Вагнер за да остане на власт

t

Воената хунта во Нигер, која го собори демократски избраниот претседател, побарала помош од руската платеничка група Вагнер, доколку се соочи со воена интервенција од западноафриканскиот регионален блок.

Според неименувани извори, лидерот на хунтата Салиф Моди остварил контакти со претставници на Вагнер во соседната земја Мали.

Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) воведе санкции против Нигер поради пучот и најави дека ќе употреби сила доколку воената хунта не го врати демократски избраниот претседател Мохамед Базум.

Петнаесетчлената организација пред два дена испрати делегација во Нигер за да побара „мирно решение“, но средбата одржана на аеродромот во Ниамеј завршила без успех.

Нејасно е како би изгледала регионалната интервенција, кога би започнала или дали би добила поддршка од западните сили.

Хунтата во Нигер упати апел до граѓаните да пријават шпиони, а самоорганизираните одбранбени групи се мобилизираа ноќе за да ги надгледуваат автомобилите и да патролираат во главниот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…