Возачот го извлекувале пожарникари: МНР со детали за сообраќајната несреќа на Македонците во Солун

Според информација добиена од генералниот конзулат на Македонија во Солун, околу 1 часот по полноќ автомобил во кој се превезувале пет државјани на Северна Македонија се превртел на клучката Амфиполеос, близу префектурите Солун – Серес, информираат од Министерството за надворешни работи за „Локално“.
Од МНР велат дека во несреќата интервенирала и противпожарната единица, а повредените патници се пренесени во болница.
-За извлекување на возачот била потребна помош од противпожарната единица, а сите патници биле пренесени во болницата АХЕПА како и во болницата во Серeс, но се вон животна опасност.Министерството за надворешни работи на Македонија преку генералнип конзулат во Солун останува на комуникација со надлежните грчки институции, и штом има нови информации поврзани со случајот јавноста ќе биде информирана дополнително, велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…
Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…
Утре во Солун минута молк за загинатите…
Со минута молк утре во 12 часот…
Тројца тешко повредени пациенти транспортирани во Солун
Првите три пациенти од Клинички центар кои…
Стерјовски од Корча: Овде сме да го…
На денешниот состанок организиран од страна на…
Претставници на СДСМ, ВМРО -ДПМНЕ, ЗНАМ и…
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како…