Возач прегазил жена во Кавадарци и избегал

51-годишна жена од Кавадарци е повредена вчеравечер, кога во неа со автомобил удрил возач, кој потоа избегал од местото на несреќата. Тој исто така и оштетил паркиран џип, соопшти МВР.
„На 27.03.2025 во 21 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Страшо Пинџур“ во Кавадарци, патничко возило удрило во И.Ш.(51) од Кавадарци и оштетило патничко возило „ренџ ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од А.М.(70) од Кавадарци, по што возилото го напуштило местото. Притоа, со телесни повреди се здобила И.Ш., констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возач прегазил жена во Кавадарци и избегал
51-годишна жена од Кавадарци е повредена вчеравечер,…
(Видео) Неверојатен херојски потег на турист во…
Невообичаеното апсење се случи во четвртокот во…
(Видео) Полицајки во Сплит убиja ограбувач на…
Пред пладне во центарот на Сплит, на…
Не сме под непосредна закана од тероризам,…
Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам…
НАСА го демантира Вучиќ: Не се занимававме…
По последниот престој во Брисел, на новинарско…