Возач прегазил жена во Кавадарци и избегал
51-годишна жена од Кавадарци е повредена вчеравечер, кога во неа со автомобил удрил возач, кој потоа избегал од местото на несреќата. Тој исто така и оштетил паркиран џип, соопшти МВР.
„На 27.03.2025 во 21 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Страшо Пинџур“ во Кавадарци, патничко возило удрило во И.Ш.(51) од Кавадарци и оштетило патничко возило „ренџ ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од А.М.(70) од Кавадарци, по што возилото го напуштило местото. Притоа, со телесни повреди се здобила И.Ш., констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…
Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…
Татко од Крива Паланка бил насилен кон…