Возач удрил и усмртил пешак со возило па избегал од местото на настанот
На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево. Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото. Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возач удрил и усмртил пешак со возило…
На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево,…
Се судрија две товарни возила, тешко е…
На 18.08.2025 во 14:00 часот во ОВР…
Се судриле мотори на патот кон Велестово,…
Вчеравечер, на локалниот пат од Охрид кон…
Автомобил удрил 13-годишно дете на тротинет
13-годишно момче од Кичево завршило во болница…
Млад возач со „ауди“ прегазил 11-годишно девојче
Од полицијата информираат дека вчеравечер во 22:00…