Се судриле мотори на патот кон Велестово, тешко е повредена една жена

t

Вчеравечер, на локалниот пат од Охрид кон селото Велестово, се судриле мотори возени од млади луѓе од Охрид и струшко Мислешево, при што е тешко повредена сопатничка на едниот од нив, соопшти МВР.

„На 12.08.2025 во 19:55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локален пат во с.Велестово, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(20) од с.Мислешево, струшко и мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(28) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од мотоциклот В.Г.(31) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршила екипа од СВР Охрид“, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил удрил во човек во инвалидска количка

На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…