Возел со 2,15 промили алкохол во крвта: Уапсен 42-годишен скопјанец

На 07.04.2025 во 14.10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Д. (42) од Скопје.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое Б.Д. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возел со 2,15 промили алкохол во крвта:…
На 07.04.2025 во 14.10 часот на улица…
Дојави за поставени бомби во две училишта…
Две скопски училишта утринава добиле дојави за…
Филипче од Брисел: СДСМ ќе ја поддржи…
Евроинтеграцијата не е апстрактен процес – таа…
Повредени двајцата работници, едниот во рудникот во…
СВР Штип инормира дека вчера се повредени…
Четири пациенти кои беа на лекување во…
Четири пациенти кои беа примени во болницата…