ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Полицијата објави видео како ја ликвидира жената која уби 6 лица во САД

t

Одри Елизабет Хејл (28) која вчера уби три деца и тројца возрасни во пукотница на југот на САД, во приватно христијанско основно училиште во Нешвил, го загуби животот во полициска акција.

Полициската управа на „Метро Нешвил“ објави снимка од камери на телото што ги носеле полицајците Рекс Енгелберт и Мајкл Колазо, кои го убиле напаѓачот во 10:27 часот. На видеото се гледа како полицајците влегуваат во училиштето и го бараат напаѓачот, а алармот се слуша во текот на целата операција.

Откако слушнале пукотници на вториот кат, полицајците се упатуваат таму, а Енглеберт испука повеќекратни истрели кон Хејл со автоматска пушка. Откако напаѓачот паѓа на подот, се појавува Колазо и ја застрелува Хејл уште четири пати со пиштол.

„Престани да се движиш“, се слуша како вика додека Хејл лежи на земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени група крадци на ретки книги

Крадците кои краделе ретки први изданија на…

Осомничените убијци на Данка одат на психијатриско…

Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за…

Вархеји: Механизмот за реформи и раст на…

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер…

Ренџерс ќе мора да плати над 9…

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ќе биде еден…

Се огласи ќерката на Џаро

,,Чао Благојче мој, знам дека и горе…