Вознемирувачко видео: Грозоморно убиство на траект во Грцијa

t

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од Грција, на кое се гледа како машко тело плови во водата откако работниците на траектот го туркаат во морето. Грчкиот портал „Прототема“ пишува дека сна видеото се  членови на екипажот на траектот „Блу Хоризонт“, а лицето кое го туркаат е 36 годишен маж кој бил на одмор во Атина, а се враќал на работа во Агиос Николаус.

Според грчките медиуми, бродот се вратил назад дури кога еден од патниците, кој го снимил инцидентот, го известил персоналот на траектот, но никој не реагирал кога човекот паднал во морето.

Братот на загинатиот 36-годишник се уште е во шок и не може да поверува дека неговиот брат е мртов. Купил билет за тоа кобно патување, но задоцнил да пристигне на пристаништето, пишува „Прототема“.

„Не би отишол без билет. Имал карта и доцнел. Како што разбрав доцнел на пристаништето, не влегол и не го пуштале на траектот. Беше на одмор во Атина. Многу патуваше, шеталше со години и навраќаше во Атина. Да се ​​види со пријателите. Секогаш имаше пари за билет. Работеше овде, во Агиос Николаос и затоа вчера се враќаше на работа“, изјави братот на 36-годишниот.

Уапсени се четворица членови на екипажот на траектот „Блу Хоризонт“, а според Министерството за поморство, се очекува централното пристаниште на Пиреј да земе изјави за инцидентот од сведоците и екипажот како дел од прелиминарната истрага.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Силен земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…

Земјотрес ја стресе Грција вечерва

Земјотрес од 3.8 степени околу 21.40 часот…