Објавено на:

(Вознемирувачко видео) Снимен моментот кога проектил го погодил божиќниот саем во Белгород

t

Украинските вооружени сили во саботата попладне извршија напад врз рускиот град Белгород.

Руското министерство за вонредни ситуации соопшти дека во нападот загинале најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, а 108, од кои 15 деца, биле повредени.

Според некои информации, ова е прв напад од украинска страна врз цивилни цели во Русија.

Фотографиите објавени на интернет покажуваат запалени автомобили, згради со скршени прозорци и црн чад што се издига од некои згради.

Еден од проектилите паднал на лизгалиште, кое во тоа време било отворено. Наводно е погоден и Државниот технички универзитет во Белгород, објави Телеграмскиот канал База.

Ова беше втор напад на Белгород за два дена. Вечерта на 29 декември, локалните власти информирале дека одбранбените системи собориле „неколку воздушни цели“ кои се приближувале кон градот. Наводно, во нападот едно лице загинало, а четворица се повредени.

Украина официјално не го коментираше нападот. „РБЦ Украина“ напиша дека украинските „безбедносни и одбранбени сили“ ги извршиле нападите и дека тие биле насочени кон воени цели. Извор за „РБЦ Украина“ изјавил дека тоа е „општа мерка која е последица на варварското гранатирање на реките Дњепар, Харков и Одеса и убиства на цивили“.

Руското министерство за одбрана соопшти дека нападот на Белгород во кој загинаа 14 лица нема да помине „неказнет“, обвинувајќи ја за нападот украинската армија.

„Тој напад нема да помине неказнето“, објави министерството на Телеграм, уверувајќи дека руските сили успеале да пресретнат две ракети и „поголемиот дел“ од ракетите лансирани кон тој град.

Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за нападот врз станбените области на градот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските агенции.

Украина, која беше нападната од Москва во февруари минатата година, редовно извршува напади врз цели во Русија, особено во областите блиску до нејзината граница, но бројот на жртви обично е помал.

Киев се уште не се огласил во врска со руските обвинувања по нападот денеска.

Регионот Белгород, кој граничи со северна Украина, цела година е изложен на гранатирање и напади со беспилотни летала, за што властите ја обвинуваат Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рано утрово Душко ја фатил за коси…

Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…

(Видео) 19 лица, меѓу кои и деца…

Украинските сили го гранатираа Белгород, а од…

(Видео) Бомбардиран Белгород, луѓето избегаа од избирачкото…

Во Белгород, поради ракетна закана, луѓето кои…

САД и Британија изведоа нови напади над…

Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…